Атрактивната Драгана го растурила бракот на Пике и Шакира?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бугарско-македонската блогерка Драгана Спасовска е главна тема во сите медиумите деновиве затоа што прво Бугарите објавија дека го растурила бракот на Жерар Пике и Шакира.

Девојката и претходно беше во центар на внимание затоа што беше забележана на забава со фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле, а неодамна се забавуваше и со Роберто Карлос.

Спасовска важи за девојка која е често во Дубаи, а како што пишуваат бугарските медиуми, таму се запознала со Пике.

„Секако дека го знам Пике. Имаме и заедничка фотографија. Тоа е нешто што не може да се негира, но за сите други детали не смеам сега да зборувам во јавност“, кажа Спасовска.