Ау, како можеше?! Барселона може да биде среќна зашто не го купи Депај ?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холандија синоќа беше поразена од Мексико со 0-1. Тие одиграа слаб меч на дебито на Франк де Боер како селектор, но на крајот за малку ќе извлечеа реми.

Холанѓаните пропуштија две големи шанси за да израмнат. Прво Лук де Јонг шутираше директно во мексиканскиот голман, а потао во продолжение на акцијата следешен неверојатно промашување на Мемфис Депај.

Напаѓачот на Лион се обиде да ја забие топката во мрежа, но наместо тоа, успеа да ја погоди само пречката и на крајот резултатот остана 0-1 за Мексико.

Да потсетиме, Барселона не успеа да го ангажира летово, но очигледно не треба да жали премногу зашто сега Депај ептен се посрамоти.