Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во Австралија по драматичната година која ја преживеа и беше депортиран од Мелбурн.
Австралиските медиуми пишуваат дека Ѓоковиќ добил уверување од организаторите на турнирот дека сите провокатори од трибините ќе бидат исфрлени од Мелбурн.
Деветкратниот освојувач на Австралијан опен ќе се обиде да ја освои 10. титула на првиот гренслем-турнир во сезоната, а за тоа добива помош од организаторите.
„Доколку некој влијае на целиот настап – бум. Ќе бидат исфрлени. Не сакаме такви луѓе на трибините. На такви луѓе местото не им е во Мелбурн“, кажа директорот Крег Тајли.