Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доби медицински исклучок за настап на Австралијан опен, но не и за влез во Австралија.
Ѓоковиќ вчера објави дека ќе настапи на првиот гренслем-турнир во сезоната, а тоа ги налути граѓаните на Австралија.
Сојузната држава Викторија одреди строги правила за невакцинираните од заштита против ковид-19, а исто важи и за цела Австралија.
Доаѓањето на Ѓоковиќ на некој начин стана државен проблем затоа што на крајот мораше да реагира и државниот премиер Скот Морисон.
Морисон кажа дека Ѓоковиќ ќе го испрати назад во Србија со првиот авион доколку не достави валиден доказ поради кој не може да биде вакциниран.
„Новак Ѓоковиќ, кога ќе стигне во Австралија, ако не е вакциниран, мора да покаже прифатлив доказ дека не смее да се вакцинира од медицински причини. Ако не е доволен тој доказ, тогаш тој ќе биде испратен назад со првиот авион“, кажа премиерот.