Австралискиот премиер удри по Ѓоковиќ: Нема да добиеш виза, не ме интересира колку титули имаш!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа сезона во тенискиот свет е пред самиот крај и се очекува на стартот на 2022 година Новак Ѓоковиќ да стане најдобар тенисер по бројот на гренслем-титули, доколку го освои Австралијан опен.

Засега не е познато ниту дали ќе настапи на турнирот поради можни рестрикции за тенисерите, како и карантин против тие кои се бунеа за вакцинацијата.

Премиерот на австралиската држава Викторија, Даниел Ендрјуз повтори дека никој нема да добие виза за влез во државата ако не е вакциниран.

„Ќе мора да бидат вакцинирани. Не мислам дека лицето на кое мислите е тенисер, голфер или возач и може да добие виза туку-така и без вакцина“, вели премиерот.

Ѓоковиќ засега не открива јавно дали е вакциниран, а ова не е првпат Ендрјуз да врши притисок врз најдобриот тенисер во светот.