Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија доживеа неочекуван шок и претрпе катастрофален пораз кој изразен според резултатот и не изгледа толку лошо.
На крајот разликата беше „само“ четири погодоци, а резултатот на семафорот гласеше 32:28.
Она што е лошо е тоа што Македонија во текот на целиот натпревар беше инфериорна и во одредени моменти имаше и двоцифрена негатива.
Нашите репрезентативци промашија многу зицери, голманите повторно не беа на нивото и сето тоа резултираше со катастрофален пораз од Австрија.