ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Владата во Франција денес донесе одлука до почетокот на септември да се запрат сите спортски активности што значи дека фудбалската сезона во оваа земја предвреме го дочека својот крај.
Одлуката е шокантна, но се чини и конечна, па клубовите во Франција сега ќе бидат во исчекување на тоа дали ќе биде прогласен шампион и дали ќе има екипи кои ќе испаднат од лигата.
„Големите спортски настани нема да може да се одржат пред септември. Сезоната 2019/20, посебно во фудбалот нема да може да се продолжи“ –изјави францускиот премиер Едуард Филипе.
Од ПСЖ се во исчекување дали ќе ја добијат титулата затоа што се убедливо на врвот со 12 бодови предност пред Марсеј и натпревар помалку од нивниот најблизок ривал. Тулуз е последен со 13 бодови, додека 19. на табелата е тимот на Амиен. Последното место кое требаше да води ранг подолу го држи тимот во кој настапува нашиот Влатко Стојановски, Ним, па сега сите овие ќе бидат во исчекување дали коронавирусот ќе ги „спаси“ од испаѓање или ќе ги снајде таа судбина без дополнително да се изборат за опстанок.