Еурофарм Пелистер со Бундеслигашко засилување се подготвува за следната сезона


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тимот на Еурофарм Пелистер ги засили своите редови со искусниот репрезентативец на Босна и Херцеговина и досегашен член на бундеслигашот Гепинген, Јосип Периќ.

Периќ настапува на средната бековска позиција, а со битолскиот тим потпиша договор со траење од две години.

Периќ е креативен среден бек, висок 180 сантиментри и зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Новото засилување на битолчани е изданок на Извиѓач од Љубушки, во својата кариера го носеше дресот на Босна, Татабања, играше во Катар и Романија (Одорхеи и Дунареа), а Гепинген е последниот клуб пред доаѓањето во Македонија.

Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина, запиша 39 настапи и постигна 45 гола. Тој е второ засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона, по Марио Танковски, кој пред неколку дена потпиша договор со клубот од Битола.