Азар ги скара Белгијците и луѓето во Реал Мадрид!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден Азар повторно се повреди во дресот на Реал Мадрид и ќе мора пак да паузира, а тоа предизвика конфликт меѓу белгиската фудбалска репрезентација и тимот на фудбалерот.

Белгиецот по пристигнување во Мадрид често беше повреден, а последната повреда ја заработи во среда на тренинг, кога почуствувал непријатна болка.

По направените медицински тестови било проценето дека ќе мора да паузира до крајот на февруари, па така Зинедин Зидан нема да може да смета на него против Аталанта во Лигата на шампиони.

„Ја следиме ситуацијата со него, но јасно е дека ситуацијата е загрижувачка. Повредите во овој момент не го загрозуваат неговото учество на Европското првенство. Во некои стигуации тоа би можела да се смета и како кратка пауза, но кај Азар тоа не е случај. Имаше еден куп проблеми, а тоа е чудно“, порачаа од белгиската репрезентација.