Азар го исмејуваа поради очаен потег: Белгиецот не е ниту сенка на ѕвездата од Челси 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгија вчера славеше со 3-1 против Естонија и го обезбеди своето место на Светското првенство во Катар, кое ќе се одржи следната година.

„Црвените ѓаволи“ триумфираа без проблеми, но повторно на теренот разочара фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар.

Азар го почна мечот, но селекторот Роберто Мартинез го замени по еден час игра и на терен го внесе неговиот брат.

Фудбалерот на „кралевите“ по овој меч доби голем број шеги на негова сметка поради пропуштена шанса да постигне гол.

Азар доби одлична топка од Кевин Де Брајне, но тој изгледаше многу бавно и не можеше да ги надмудри противниците.