Азар го нападна ВАР-системот: Не ми се допаѓа, грешките се дел од фудбалот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид и белгиски репрезентативец Еден Азар кажа дека би бил најсреќен кога ВАР-технологијата повеќе нема да се користи во спортот.

Азар смета дека ВАР-системот создал проблеми и смета дека видео-технологијата треба да се исфрли од фудбалот.

„Воопшто не ми се допаѓа ВАР-системот. Грешките се дел од фудбалот, дури и судијските“, кажа Азар.

Белгиецот смета дека досега видео-технологијата успеала само да им ја намали возбудата при постигнување гол.

„Кога ќе постигнеме гол, чекаме и го губиме чувството на среќа и возбуда кога ќе ја затресеме противничката мрежа. Повеќе ништо не е исто“, вели Азар.