Азар го нудат како на пазар, ама никој не сака да даде многу пари?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека Еден Азар ќе добива шанса откако ќе оздрави целосно, а тоа се очекува да биде во вториот дел од сезоната.

Белгиецот ги одигра сите 90 минути против Кадиз, па не направи ништо посебно, а Реал го губи трпението за Азар кој беше платен 100 милиони евра пред две ипол години.

Другите клубови го сакаат за помала цена, а еден од нив е Њукасл, но поранешниот фудбалер на Челси не сака да игра за тим кој се бори за опстанок.

Јувентус е заинтересиран за услугите на Азар, но не може да му дадат плата од 20 милиони евра годишно, па затоа Реал ќе мора да бара друго решение ако сака да го ослободи товарот од буџетот.