Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден Азар беше критикуван од страна на навивачите на Реал Мадрид по натпреварот против Челси, во кој „кралскиот клуб“ загуби со 0-2 и беше елиминиран од Лигата на шампиони.
Азар ги налути навивачите на шпанскиот тим со неговиот потег по натпреварот, кога им честиташе на поранешните соиграчи и се смееше со нив.
Навивачите на Реал жесотко го критикуваа поради тоа, па му порачаа дека повеќе нема место за него во клубот и дека е време Флорентино Перез да го продаде.
Азар по овие критики реши да се јави преку Инстаграм и да испрати извинување до навивачите поради неговото однесување.
„Жал ми е. Го прочитав вашето мислење за мене и немав навреда никого да навредам. Секогаш ми беше сон да играм за Реал Мадрид и дојдов тука да победувам. Сезоната не е готова и мораме да се бориме за Ла Лига“, напиша Азар.