Азар како да е проколнат – лоши вести за Реал Мадрид!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Еден Азар го чека уште подолга пауза од што се шпекулираше. Најпрво беше објавено дека ќе се врати во дуелот против Барселона, но очигледно такво нешто нема да се случи.

Белгиецот од пристигнувањето често е повреден, па ретко може да одигра неколку натпревари по ред, па досега беше „во аут“ дури 233 дена.

Оваа бројка допонително ќе порасне, поради тоа што не се очекува Азар да биде на теренот барем уште три недели и тоа никако не ги радува навивачите на шпанскиот шампион.

Белгиецот за „кралевите“ одигра само 22 меча и има скромни седум асистенции и еден гол. Инаку, шпанскиот гигант за неговите услуги плати 100 милиони и со дополнителни бонуси трансферот може да чини 146 милиони евра.