Азар кажа зошто се пензионирал: Не сакав да играм за пари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот белгиски репрезентативец Еден Азар реши да замине во пензија на 32-годишна возраст и така изненади многумина.

Азар имаше понуди од Катар и Саудиска Арабија, но Белгиецот реши да се пензионира и да замине на заслужен одмор.

Белгиецот во разговор со медиумите кажа дека парите не му биле најважни и затоа одбил да игра за екипите од Катар и С. Арабија.

„Можев да играм во С. Арабија или Катар, но сфатив дека е време да се повлечам. Многу пати кажував дека ќе престанам да играм кога веќе нема да чувствував задоволство на теренот. Радоста одамна ја нема и едноставно немав повеќе мотивација“, кажа Азар.