Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Еден Азар кажа дека проблемите се зад него и сака да покаже дека не завршил со кариерата.
Азар неодамна со Реал Мадрид ги освои Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), а сега со Белгија почнува нова сезона во Лигата на нации.
„Малку сум уморен по прославите. Тоа се моменти кои ќе останат забележани во кариерата. Се надевам дека ќе ги има уште. Сакам да се подготвам добро за следната сезона“, кажа 31-годишниот фудбалер.
За разлика од Азар, неговиот колега Тибо Куртоа ќе одмара во Лигата на нации затоа што бранел со повреда во Лигата на шампиони (ЛШ).