Азар не сака да замине од Реал Мадрид пред 2024 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ќе се обиде следното лето да се ослободи од белгискиот фудбалер Еден Азар, но тоа нема да биде воопшто лесно.

Клубот почнал преговори за прекин на договорот со Азар, кој го купија од Челси пред неколку години за 115 милиони евра.

Азар се покажа како големо промашување на екипата, откако имаше и неколку повреди, а сега не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти.

Белгиецот, сепак, не сака да замине од клубот пред крајот на договорот, кој му трае до јуни 2024 година, па останува да видиме што ќе се случи следното лето.