Азар: Не сум глупав да се тепам со Вертонген, поголем е од мене!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгија се соочува со сериозни проблеми пред третото коло од Мундијалот во Катар во кое играат против Хрватска и токму тој меч може да го реши прашањето за еден од патниците во осминафиналето.

По поразот од Мароко (0-2) се појавија шпекулации дека се случил вистински хаос во соблекувалната на Белгија, при што за малку ќе избиела и тепачка.

Белгискиот фудбалер и ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар раскажа дека приказните во медиумите не се точни, односно имале само бурен разговор.

„Имавме разговор кој беше долг еден час. Си кажавме добри и лоши работи. Свесни сме дека мора да победиме против Хрватска. Јас не сум се карал со Вертонген, не сум глупав да се тепам со него, зашто е поголем“, кажа Азар.