Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот Еден Азар ќе биде на располагање на Реал Мадрид во следното коло од шпанската Ла Лига.
Азар доживеа повреда на еден од тренинзите на „кралевите“, поради што не беше во можност да настапи во претходните натпревари, но сега конечно е подготвен.
Шпанските медиуми пишуваат дека Зинедин Зидан ги примил добрите вести, па одличниот фудбалер конечно тренирал, па тоа значи дека ќе игра против Леванте во следно коло.
За Азар мечот кој ќе се игра на 14 септември на „Сантијаго Бернабеу“ е можност за официјално деби.
Азар, да потсетиме, во редовите на Реал пристигна летово за 100 милиони евра, а претходно го носеше дресот на Челси.