Азар „прсна“ од смеење со бившите соиграчи од Челси, иако Реал Мадрид изгуби во Лондон 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид беше елиминиран од Лигата на шампиони бидејќи вечерва загуби во Лондон со 0-2 од Челси, а тоа ги погоди најголем дел од фудбалерите на шпанскиот гигант.

Меѓутоа, можеби единствен кој не беше потресен поради поразот на „кралевите“ е Еден Азар, кој во минатото настапуваше за екипата на Челси.

Азар по натпреварот остана со неговите поранешни соиграчи од Челси со кои се шегуваше за нешто, а тоа дефинитивно ќе ги налути навивачите на „кралевите“.

Азар требаше да биде големо засилување за Реал, но поради големиот број на повреди неговата форма падна и тој веќе е непрепознатлив на теренот.