Азар заврши на медицински прегледи, Зидан ги доби очекуваните вести!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Белгискиот репрезентативец Еден Азар во мечот против Интер повторно ги запали алармите во Реал Мадрид.

Тренерот Зинедин Зидан мораше да го замени Белгиецот во 64. минута од дуелот, откако одличниот фудбалер доби незгоден удар во дуелот со Марсело Брозовиќ.

Азар со проблеми го напушти теренот, додека на клупата користеше мраз на зглобот, по што утрово заврши и на медицински прегледи.

На медицинските прегледи било констатирано дека белгискиот фудбалер не е повреден, туку имал само незгоден удар во моментот.

Ова е добра вест за Зидан, кој ќе може на Азар да смета во дуелот против Валенсија, па Французинот конечно ќе може да напаѓа со триото Азар – Бензема – Асенсио.