Азаренка: Мислев дека сум недопирлива, но падот беше болен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сонот на Викторија Азаренка во Америка и понатаму трае. Белорусинката се пласираше во финалето на Ју-ес опен, откако славше против Серена Вилијамс со 1-6, 6-3 и 6-3.

По седум години конечно стигна до мечот за титула на гренслем-турнирот во Њујорк.

„Многу работи се променија за седум години. Во текот на 2013 година веќе го имав во свои раце Австралијан опен, бев најдобра. На некој начин од мене се очекуваше да победувам на секој турнир. И јас мислев дека сум недопирлива. Тоа се многу опасни ситуации, падот беше болен. Научив многу работи, тоа ме прави посилна“, кажа Азаренка.

Белорусинката е во серија од 12 победи, а пред стартот на Ју-Ес опен славеше и на Мастерсот во Синсинати.