Бањаја ја пропушта трката во Катар поради фрактури

Франческо Бањаја во опрема на Дукати Леново
Фото: Simon Patterson / Wikimedia Commons (CC BY-SA 4.0)

Франческо Бањаја нема да вози на денешната Голема награда на Катар во МотоГП. Возачот на Дукати при тешкиот пад во спринтот на Лусаил заработи фрактури на четвртата и петтата метатарзална коска на десното стапало.

Двократниот светски шампион беше невина жртва на инцидентот уште на почетокот на спринтот. Фермин Алдегер од Гресини, обидувајќи се да го престигне Педро Акоста, закочи предоцна пред 16тата кривина и удри во задниот дел од мотоциклот на Бањаја, кој беше исфрлен во воздух.

Трката беше прекината со црвено знаме, а Италијанецот беше изнесен на носилка, објави МотоГП.

„Првичните прегледи во медицинскиот центар на патеката Лусаил покажаа две фрактури на десното стапало, на четвртата и петтата метатарзална коска“, изјави медицинскиот директор на МотоГП, Анхел Чарте.

Дукати во неделата наутро соопшти дека Бањаја попладнево ќе се врати во Италија, каде што ќе биде опериран. Интервенцијата се очекува меѓу понеделник и вторник, а рокот за враќање засега не е познат, пренесува Креш.

Бањаја на Инстаграм напиша дека Катар му бил еден од најдобрите викенди во сезоната.

Повторениот спринт на десет круга го доби Марк Маркез, а втор беше Фабио Ди Џанантонио.

Маркез во денешната трка на 22 круга, со почеток во 17 часот по македонско време, ја има првата шанса да ја освои титулата, потврди Дукати.