Бабунски стрелец во триумфот на Омија Ардија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Давид Бабунски имаше одличен настап за јапонска Омија Ардија, која славеше со 2-0 против Кагошима јунајтед во осмото коло од Втората лига.

Бабунски влезе на неколку минути пред крајот на мечот, а успеа да се запише во листата на стрелци во 92. минута и така ја „запечати“ нивната победа.

Омија во моментов има 14 бодови и се наоѓа на седмата позиција во табелата, односно три бода помалку од првопласираниот Монтедио Јамагата.

Од друга страна, неговиот брат Доријан Бабунски, кој е член на Мачида не настапи за неговиот тим во ремито со Кофу (1-1).