Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Баер Леверкузен денеска славеа со 1-0 против Унион Берлин и го искористија киксот на Баерн Минхен кој загуби од Хајндехајм со 2-3.
Вирц од пенал во осмата минута од судиското надополнување на првото полувреме го постави конечниот резултат и помогна на „фармацевтите“ да израмнат рекорд.
Леверкузен го израмни рекордот во лигата од 28 меча без пораз, а досега такво нешто им успеа на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.
Баер во моментов има 16 бодови повеќе од Баерн Минхен на шест кола пред крајот на сезоната.