Баерн без никаков проблем ги совлада „фармацевтите“ и стигна до двојна круна во Германија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Баерн Минхен ја обезбеди двојната круна во Германија откако славеше со 4:2 во финалниот натпревар од германскиот Куп против Баер Леверкузен.

„Баварците“ во ниту еден момент не дозволија да се постави прашање кој ќе биде победник на овој натпревар затоа што уште од самиот старт ја презедоа играта под своја контрола.

Со два брзи гола во 16. и 24. минута преку Алаба и Гнабри „баварците“ поведоа со 2:0.

Во вториот дел гол серијата ја продолжи Левандовски, а Свен Бендер потоа само намали на 3:1.

Левандовски со својот втор погодок во 89. минута зголеми на 4:1, а конечниот резултат го постави Каи Хаверц од пенал во 95. минута.