Баерн Минхен посакува еден од хероите на Ајакс


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Откако е се поизвесно дека ќе ја загубат битката за Матијс Де Лихт, од таборот на Баерн Минхен ќе се обидат во своите редови да донесат друг фудбалер на Ајакс.

Имено, „Судојче Цајтунг“ пишува дека „баварците“ се заинтересирани во својот тим да го донесат одличниот офанзивен фудбалер, Хаким Зијеш.

Играчот кој може да покрие неколку позиции во нападот е поврзуван со трансфер во Челси, но тој веројатно нема да се реализира по трансфер забраната која ја доби лондонскиот клуб.

26 годишниот Мароканец за Ајакс оваа сезона има постигнато вкупно 19 погодоци и 20 асистенции на 42 натпревари во сите конкуренции.