Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот интернационалец, Тијаго Алкантара кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата откако Ханси Флик потврди дека тој ќе оди во Ливерпул.
Од редовите на Баерн Минхен сега се во потрага по замена за 29 годишниот играч кој седум години со успех го носеше дресот на баварскиот тим.
„Билд“ пренесува дека во Баерн Минхен се разговарало за ангажман на сега слободниот агент, Марио Геце.
Геце е без клуб откако му заврши договорот со Борусија Дортмунд, а во кариерата одреден период го носеше и дресот на Баерн Минхен.
Поради неговата форма, овој трансфер би бил сензационален, но истиот нема да се случи затоа што во Баерн Минхен дошле до конечен заклучок дека истиот не е потребен и дека нема да тргнат по играчот.