Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Баерн Минхен е силно зависен од головите и присуството на Хари Кејн, но свесни се дека Англичанецот не може да игра на секој натпревар.
Затоа, клубот активно размислува за опција што ќе обезбеди соодветна замена и квалитет во ротацијата на тимот. Според пишувањата на „Билд“, еден од потенцијалните избори би можел да биде канаѓанскиот напаѓач Џонатан Дејвид.
Дејвид, кој во моментов настапува за Лил, на крајот од сезоната ќе стане слободен играч, бидејќи неговиот договор со францускиот клуб истекува, а нема индиции дека ќе потпише продолжување.