Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Баерн Минхен во свои редови го посакува Тимо Вернер, но не е подготвен да даде премногу пари за неговите услуги.
Екипата од Минхен сака да го ангажира за 25 милиони евра, но Лајпциг соопшти дека ќе го пушти само за сума од 60 милиони евра.
Засега, одлуката е да се запрат преговорите и тоа ќе трае до крајот на сезоната, кога дефинитивно ќе продолжат.
Вернер е во одлична форма во моментов, па постигна 16 голови и 10 асистенции сезонава во Бундеслигата.
Овој напаѓач сезонава одигра 35 натпревари и постигна вкупно 19 голови во сите натпреварувања, па токму поради тоа го посакуваат Баварците.