Баерн со трофеј ја започна новата сезона, успешен старт на Анчелоти

Фудбалерите на Баерн новата сезона во Германија ја отворија со трофеј, поразувајќи ја Борусија од Дортмунд во рамките на Суперкуп со 0:2.

Во интересен натпревар во Дортмунд, стрелци за минхенскиот тим беа Видал во 58 и Милер во 79 минута од натпреварот.

Со вечерашниот триумф, Карло Анчелоти со трофеј ја отвори ерата на клупата на Баварците, а да потсетиме дека новата сезона во Бундеслигата почнува за две недели, додека во наредниот викенд не очекуваат мечеви од првото коло на ДФБ Куп.