Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не може да настапи на Ју-Ес опен ако останат правилата какви што се во моментов бидејќи Србинот не може да влезе во земјата ако не е вакциниран.
Многу љубители на тенисот жалат поради одлуката на американските власти, зашто нема да бидат во можност да го гледаат шампионот на Вимблдон.
Поради тоа беше почната петиција за да му се дозволи на Ѓоковиќ да игра на Ју-Ес опен, која досега ја потпишаа над 40.000 луѓе.
Србите од Чикаго сакаат да му помогнат на Ѓоковиќ, па еден сопственик на фирма која се занимава со промоција на тенис испратил писмо до американскиот претседател Џо Бајден.
Бизнисменот Небојшта Јовановиќ бара од претседателот да направи исклучок во случајот на Ѓоковиќ, барем така пишуваат српските медиуми.