Бакари Сања знае каде ќе продолжи Погба: Го сака тој клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бакари Сања посочи дека знае каде ќе ја продолжи кариератафудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

Имено,  поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити и некогашен соиграч на Погба од репрезентацијата на Франција истакна дека фудбалерот би можел да се врати во редовите на Јувентус.

„Ако ја напушти Англија тој попрво ќе се врати во Италија отколку во Шпанија. Мислам дека Пол ќе се врати во Јувентус пред да замине во Реал Мадрид затоа што Роналдо е таму. Јувентус е клуб каде тој блескаше, го сака тој клуб и тоа опкружување, запознаен е со се“ –смета Сања.