Балардини: Ќе го истепам Пандев ако реши да се пензионира!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Џенова, Давиде Балардини се пошегува со македонскиот репрезентативец Горан Пандев, кој постигна два гола против Наполи (2-1).

Пандев на крајот на сезоната најверојатно ќе ја заврши кариерата, а последно натпреварување во кариерата се очекува да му биде настапот на Европското првенство со Македонија.

Македонецот кажа дека планирал да се пензионира на крајот на сезоната, но не даде јасен одговор дали тоа навистина ќе го направи или можеби ќе се предомисли.

За ова зборуваше и тренерот на Џенова, Балардини, кој кажа дека ќе го истепа Пандев.

„Ако реши Пандев да се пензионира, ќе го истепам. Нема на никој да му кажам, ама ќе добие ќотек. Тој се плаши од мене“, се пошегува тренерот.