Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Џенова, Балардини зборуваше за италијанските медиуми и кажа дека македонскиот фудбалер Горан Пандев ќе реши сам дали ќе биде и следната сезона дел од неговиот тим.
Пандев ја заврши репрезентативната кариера во дресот на Македонија, а Балардини јавно побара од фудбалерот да остане и да ѝ помогне на Џенова во следната сезона, но одлуката ќе ја има самиот фудбалер.
„Јас мислам дека Пандев треба да игра, но изборот е само него. Самиот ќе реши. Сите знаеме кој е Пандев и дека може да одигра уште една сезона на високо ниво“, вели Балардини.
Пандев одигра три меча за Македонија на Европското првенство (ЕП), а притоа го постигна првиот гол за нашата репрезентација на турнирот.