Балардини: Судијата згреши, голот на Пандев е регуларен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наполи славеше против Џенова со 2-1, па тоа беше уште еден триумф за екипата на Елиф Елмас против тимот на Горан Пандев.

Пандев постигна гол за Џенова, но истиот беше поништен поради тоа што негов соиграч направи прекршок врз противничкиот голман.

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини смета дека ВАР-технологијата направила голема грешка и голот според него е регуларен.

„Тоа не беше прекршок. Видов неколку фудбалери на Наполи како се смеат на одлуката. Судијата згреши…“, вели Балардини.