Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најпознатата италијанска новинарка Дилета Леота биле ограбена, а италијанските медиуми пишуваат дека тоа го направила група криминалци во која има два Србина, еден Хрват и една девојка од Романија.
Крадците влегле во нејзиниот стан и украле вреден накит со дијаманти, како и осум скапи часовници од брендот „Ролекс“.
На Дилета ѝ украле и 150.000 евра, а откриено е дека до нејзините вредности стигнале откако со недели ја следеле преку социјалните мрежи, на кои е активна.
Италијанската новинарка живее на деветтиот кат на зграда во самиот центар на Милано, а крадците го искористиле времето кога таа не била дома за да ги украдат вредните работи.