Балканска работа: Додека протестираа кај судијата – примија гол! ?

Спорен момент се случи на мечот во Првата српска лига меѓу Јагодина и Слога од Краљево и дефинитивно ситуцијата е бизарна.

Судијата досуди прекршок за домаќините на 20 метри од голот на гостите, по што гостите почнаа да се жалат на одлуката.

Во меѓувреме Јагодина го изведе слободниот удар, па топката без проблеми ја сместија во противничкиот гол. Судијата го призна погодокот, а протестите на фудбалерите на Слога продолжија и понатаму.

Судијта не посвети премногу внимание на протестите, а до крајот на мечот досуди и пенал за домаќините кои победија со 2-0.

Спорната ситуација од натпреварот може да се погледне на 1.14 и самите проценете дали беше дел од фер-плеј.