Балотели со нова провокативна изјава: Воопшто не ме интересира Роналдо, Јувентус не ми е возбудлив тим….


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во текот на утрешниот ден Бреша ќе го нагости Јувентус во првиот натпревар од петтото коло во Серија А.

На натпреварот со шампионот на Италија своето деби ќе го има Марио Балотели кој конечно ја отслужи казната и сега е во можност да му помогне на тимот кој сосема добро влезе во новата сезона во Италија.

– Дали тоа што играм против Кристијано Роналдо ме возбудува? Не, воопшто. Тој е шампион, заедно со Меси се најсилните фудбалери во светот и ќе биде многу убаво да се игра со него. Сепак, нема да дојдам до точка во која ќе с евозбудам затоа што натпреварот со Јувентус е натпревар како се кој друг. Ќе се обидам да постигнам гол затоа што секогаш сакам да победувам, -истакна Балотели.