Бане пази се, Конте ти спреми замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изгледа дека Челси ќе ја плати клаузулата за талентираниот скандинавец.

Антонио Конте бара засилување во одбрана, од Бонучи нема ништо, италијанецот се насочи кон другите опции.

Според португалските медиуми, Конте се насочи кон Швеѓанецот Линделоф од Бенфика. Играше одлично во португалското првенство и ЛШ па отиде и на ЕП во Франција.

Неговата клаузула е 30 милиони евра, Челси ќе се обиде да преговара.

Линделоф може да ги покрива позициите дефанзивец и десен бек, а англиските медиуми соопштија дека Конте планира да доведе замена за Бранислав Ивановиќ кој минатата сезона не беше во форма.