Барак Обама ќе купи тим во НБА?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


НБА аналитичарот Бил Симонс откри дека поранешниот американски претседател Барак Обама е член на групација која е заинтересирана за купување на Феникс санс.

Газдата на Феникс, Роберт Сарвер е обвинет за неколку дела, па поради тоа мора да го продаде тимот од НБА-лигата.

„Слушнав дека Обама е вклучен во групата која е подготвена да го купи Феникс“, вели Симонс во неговата емисија.

Легендарниот кошаркар Чарлс Баркли, кој го предводеше Феникс до финале во НБА-лигата во сезоната 1992/93 реагираше на овие шпекулации.

„Да ми се јави Обама и да ме праша дали сакам да учествувам, веднаш би се согласил“, вели Обама.