Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонија требаше да се пресмета со Косово во плејофот за пласман на Европското првенство (ЕП), но дуелот беше откажан поради пандемијата на Ковид-19. Македонскиот фудбалер Енис Барди вели дека и покрај паузата во светскиот фудбал, тој размислува за следниот меч на репрезентацијата.
Барди е свесен дека Македонија повеќе од 20 години чека за историски пласман на ЕП и поради тоа смета дека треба да се игра дуелот пред публика за да ги израдуваат.
„Натпреварот против Косово ќе се игра во Скопје и ние сакаме да излеземе пред навивачи. Тој меч ќе биде историски за нас бидејќи сите чекаме за пласман на репрезентацијата на ЕП повеќе од 20 години“, вели Барди.