Барди ќе биде прв Македонец кој ќе игра за Милан!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Италијанските медиуми објавија дека македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да се пресели во Милан до крајот на летниот преоден рок.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли бара засилувања за следната сезона во која тимот ќе игра во Лигата на шампиони, а на неговата листа со желби бил и Барди кој треба да биде замена за Хакан Чаланоглу.

Турчинот се пресели во Интер, а Барди има договор со Леванте до 2022 година и вреди околу 15 милиони евра, па „росонерите“ гледаат идеално засилување.

Леванте не е во најдобра финансиска ситуација, па можеби и ќе ја намали цената доколку Милан почне преговори во следниот период.

Интересно е тоа што Барди би станал првиот македонски фудбалер кој го носел дресот на Милан.