Барди: Потреба е поддршка за младите фудбалери на Македонија


Го чекав ова! Аргентина на „мојата“ Холандија - 18 ден ↓↓↓



Македонија одигра добро на сите пет натпревари во Лигата на нации, но загуби двапати од Грузија и одигра реми против Бугарија, па сега во последниот меч против источниот сосед ќе бара нов триумф за крај на натпреварувањето.

Еден од најискусните фудбалери во репрезентацијата, Енис Барди вели дека е време да проработи нападот против Бугарија.

„Беше тешко да се прифати поразот од Грузија бидејќи одигравме добар натпревар, но не ги искористивме шансите. Резултатот од Грузија не беше реален, но против Бугарија треба да извлечеме три бода. Имаме нови фудбалери кои се млади и мора да бидеме трпеливи. Потребна им е поддршка“, вели Барди.