Барди се запиша во историјата на Леванте: Стана првиот странски играч кој…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра фантастично и оваа сезона во дресот на Леванте.

Барди на денешниот натпревар против Селта Виго кој се уште е во тек постигна два погодоци со кои сруши еден рекорд во тимот од Валенсија.

Имено, Барди стана првиот странски играч во Леванте кој постигнал најмногу голови за Леванте во Ла Лига на 100 натпревари

Барди има 18 погодоци во 100-те натпревари кои ги има одиграно во тимот.

Интересот за него од останатите големи тимови е нескриен, а се погласно се шпекулира дека Арсенал го посакува во своите редови.