Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска официјално беше промовиран како ново засилување на турскиот првак Трабзонспор, откако вчера ги помина успешно медицинските прегледи.
Барди по пет години си замина од Леванте, па реши да испрати порака до неговите поранешен клуб и неговите навивачи.
„После пет години минати во Леванте, денеска кажувам ‘чао’ на една од најубавите етапи во мојот живот како фудбалер, со надеж дека ова е само довидување. Си одам како ‘левантиста’, како валенсијанец плус, за сите ќе беше подобро ова „чао“ да дојде во поинакви услови. Имам само зборови за благодарност кон клубот за довербата која ја покажа во мене уште од самиот старт и секако за навивачите на Леванте со кои доживеав незаборавни моменти и кои ги чувствувам за блиски. Ти посакувам се најдобро Леванте. Каде и да одиш, имаш навивач плус и тоа од срце“, напиша Барди.