Барди со проектил во 90. минута ја расплака Гранада (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна прекрасен погодок во последните минути од мечот меѓу Леванте и Гранада (2-1) за нови три бода за неговиот тим.

Леванте поведе со гол во 55. минута, а на домаќините им беа потребни само пет минути за да ја вратат неизвесноста во средбата откако израмнија на 1-1.

Уште по неколку шанси беа забележани на двете страни до крајот на мечот, а во 90. минута Барди со фантастичен шут успеа да му донесе три бода на Леванте.

Леванте по денешниот триумф се искачи на 11. место на табелата во шпанската Ла Лига и има 23 бодови, односно се наоѓа на четири бодови од четвртото место.