Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец вчера постигна два гола за Трабзонспор, иако неговиот тим загуби со убедливи 2-5 во Анталија.
Барди влезе од клупата за резервни фудбалери и веднаш се забележа неговиот ефект во првиот настап во турската Суперлига, кога за помалку од 25 минути постигна два гола.
„Ова е прв мој натпревар во Суперлигата и среќен сум поради тоа. Убаво е што тргнав и со голови, но поважно ми беше да победиме. Но, за жал не успеавме во тоа. Ова не е резултат каков што очекувавме и заслуживме“, кажа македонскиот фудбалер.
Трабзонспор в среда од 21 часот ќе се соочи со Копенхаген во реваншот од Лигата на шампиони (ЛШ) и ќе брка негатива од еден гол.