Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Енис Барди прситигна во Турција, каде што треба да ги помине медицинските прегледи, по што ќе потпише договор со шампионот Трабзонспор.
Барди доаѓа во Трабзонспор од Леванте, а на аеродромот беше пречекан од новинарите на кои им кажа дека пристигнал да си го оствари сонот.
„Среќен сум што ќе бидам дел од шампионскиот тим. Треба да ги средам последните детали, по што ќе се видам со соиграчите. Дојдов да си го остварам сонот и да играм во Лигата на шампиони“, кажа Барди.
Трансферот на Барди чини три милиони евра, а со екипата од Турција ќе потпише тригодишен договор.
❤️💙 Trabzonspor'un yeni transferi Enis Bardhi Trabzon'a geldi 😎 pic.twitter.com/AYaX1lBe9S
— 61saat (@61saat) August 11, 2022