Барди: Тежок пораз што ти ја гори душата, но ова не е крај!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Капитенот на Македонија, Енис Барди, истакна дека натпреварот против Данска бил само еден несреќен ден, по ждрепката за баражот за Светското првенство.

Според Барди, овој тежок пораз ја погоди целата нација, но тој потенцира дека ова не значи крај, бидејќи мислите веќе се насочени кон претстојниот плејоф.

„Тежок пораз, оној што ти го гори душата! Велс нè удри силно. Болка, разочарување да. Но ова не е крај! Сè уште сме во плејофот во март. Сè уште сме живи. Овој пораз треба да нè запали, а не да нè изгаси. Да се вратиме погладни, поагресивни, поцврсти! Ние не се предаваме. Никогаш“, кажа Барди.